Македонија
27. August 2023 - 16:43

Ќе почне ли учебната година со штрајк на просветарите?

Можен штрајк во образованието на стартот на учебната година, најавува независниот синдикат. Незадоволни од ниските плати, непочитување на колективниот договор и најавените измени, за кои сметаат дека се незаконски, се причина за евентуалниот бојкот на наставата, вели претседателот на синдикатот Гиевски, во интервју за Слободна Европа.

Според него просветните работници се платени под просекот и наставник, стручен соработник во основното образование зема плата од 29.200 денари. Ако се применува во целост  колективниот договор, месечните примања би биле двојно повисоки. 

- Доколку се спроведе во целост колективниот договор, онака како што е напишан, на ист начин на којшто јавните функционери го испочитуваа законот и си ги зголемија платите за 78 проценти, почетната плата на просветните работници треба да биде 2.5 пати повисока од минималната плата. Тоа е според закон. За да биде запознаена јавноста поубаво, методологијата за пресметка на плата за вработените во секторот образование се состои од коефициент помножено со најниската плата за најнизок степен на сложеност во државата. Кај нас во секторот образование се користи најниска плата којашто е за висок процент пониска од минималната плата на државно ниво. На тој начин грубо се крши законот, незаконски се намалува платата на просветните работници и се создава ситуација просветните работници да бидат потпросечно платени, односно живееме во држава којашто е единствената во Европа каде што просветните работници се платени со почетна плата којашто е пониска од републичкиот просек, изјави Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образоавание.

Од СОНК прв пат слушаат за евентуален  штрајк. Велат дека се во преговори со МОН за потпишување нов колектиен договор, кој предвудува покачување на платите над 10 отсто во септември. Но, доколу Независниот синдикат има аргументи за штрајк, ќе добоијат поддршка и од нив.

- Јас искрено прв пат слушам од медиумите за можен штрајк во образованието. Во интензивни преговори сме со МОН за потпишување нов колкетивен договор и во септември покачувањето на платите во образованието ќе бидат над 10%. Но, очекувам Независниот синдикат да ни ги презентира аргументите за ваквите најави и доколку навистина имаат основ, ние ќе ги поддржиме, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК

Со потпишанот Општ колективен договор меѓу ССМ и владата, се предвидува пораст на платите од септември за 10% во цел јавен сектор. Но ваквиот предлог не беше прифатлив за СОНК, па затоа сега бараат нов колективен договор.

Инаку и оваа учебна година ќе започне без дел од учебниците за 3 и 6 то одделение. Настава без учебник е нефукционална и влијае на целиот образован процес, вели Гиевски 

Минатата учебна година почна со привремени и заврши без дел од учебниците по одредени предмети.