Ќе се чува како резерва трансформаторот од РЕК Битола кој беше на поправка во Белград
Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, соопшти АД ЕСМ.
Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.
Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија.
Во моментов, Блок 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари, наведуваат од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
