Македонија
27. February 2026 - 12:22

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти

Недостигаат негуватели во Охрид. Младите ја напуштаат земјата или одат од еден во друг град за подобар живот, но последиците од тоа ги чувствуваат постарите кои остануваат сами дома и без грижа. Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти кои се распоредени за работа во најрaзлични семејства но барањата и потребите се зголемуваат.

Во Охрид слаб е интересот за оваа струка која е хумана и покрај добивањето на сертификат за разлика од останатите градови кои пак за жал со стекнатото искуство заминуваат на работа во странство.

Во Охрид нема дом за стари лица каде би можеле да престојуваат и да добијат соодветна грижа а иселувањето на младите дополнително ја продлабочува ваквата состојба.