Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западно-нилска треска, три суспектни и три смртни случаи, 15 лица се излекувани

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективна клиника. Од потврдените случаи, најголем дел се згрижени во Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
Министерот додаде дека досега има три смртни случаи на овој вирус, додека 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни а болести.
Тој истакна дека во моментот најактивно подрачје во Европа со западно-нилска треска е Атина и посочи дека во Грција досега има 81 случај со невроинвазивна форма и девет починати, а веќе има случаи и во пограничните зони со Македонија.
- Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално, ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно, а да потсетам дека двапати треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата, рече Клековски.
Додаде дека веќе се информирани сите доктори кои можат да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти.
- Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија а и невролозите генерално, така што алертот за препознавање и дијагностицирање ааа е тука и капацитетот за дијагностицирање е тука - посочи Клековски.
Тој истакна и дека во однос на мапирањето на заболените, треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на лицата и местото каде што се заболеле од вирусот.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
