Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево

Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светска банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето кое се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна, бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој посочи дека многу брзо ќе се распише тендер за завршување на првата фаза на болницата во Штип, бидејќи тој проект е во две фази.
- Прво се завршува новата зграда, а потоа се рушат дел од старите згради и се доградува дијагностичкиот дел на местото каде се сега дел од старите објекти. Еден стар објект ќе биде зачуван за палијативна нега, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава.
Во врска со новиот Клинички центар рече дека треба да бидеме свесни и за финансиските и организациски аспекти и дека негов фокус како министер е прво да се заврши тоа што е пократкорочно.
Тој потенцира дека е распишан и јавниот повик за реконструкција на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, за што од 2017 година е раскинат договорот и не е пристапено кон завршување.
- Во однос на објектите и инфраструктурата мојот приоритет е најбрзо да ги завршиме тие што се најблиску до завршување и да се фокусираме на тоа. Проектот за болницата во Тетово е во напредна фаза. За сите три проекти Светска банка има свои прашања, одговори, комуницираме дневно, го формиравме тимот кој ќе работи на тоа. Тоа е во апсолутните приоритети. Објектот, кој е започнат во Кичево е преголем за сервисирање на таа општина, земајќи ги демографските промени таму и тоа мора да се земе предвид. Алтернативната локација е на земјиште во Министерството за одбрана во старата касарна на влезот во Кичево со идеја да се обезбеди полесен пристап на пациенти и амбулатни возила, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
-

Богата програма на годинешното Карпошово културно лето од 20 до 30 август
-

Епидемиолошката состојба со западнонилска треска – 35 потврдени случаи, 3 смртни случаи
-

Овчарите бараат итна вакцинација: Над 50 жаришта, уништени до 10.000 овци
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
