Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври

- Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура, односно 26.000 вакцини, треба да пристигне до 15 ноември. Во моментот ја организираме логистиката и со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардните термини кога почнува оваа вакцинација во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври ќе започне вакцинацијата, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој посочи дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.
- Кај нас вакцинацијата ќе започне порано отколку кај некои од соседите кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите кои ќе започнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација од сезонски грип ќе се одвива навремено и соодветно. Имаме 56.000 дози и работиме до 80.000 дози да постигнеме. Значи ни беше важно да стигнат 30.000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80.000 вакцини, рече Клековски.
Појасни дека кога ќе почне вакцинацијата со првите 30.000 вакцини, предност ќе биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје.
- Пријавувањето мора да биде во модулот во МојТермин, за да имаме увид за севкупната состојба, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
