Македонија
13. November 2026 - 12:23

Климатските промени го менуваат земјоделството

Сушата и непредвидливите временски услови сè повеќе го отежнуваат земјоделското производство.

Земјоделците се соочуваат со неизвесност околу приносите, а експертите предупредуваат дека приспособувањето на новите услови е неизбежно.

- Климатските промени веќе не се тема која што е далеку од нас, туку е тема која што е блиска и која што всушност задира во секој сегмент од земјоделското производство, изјава Емилија Арсов, деканка на Земјоделски факултет – УГД-Штип.

Годинашното доцнење на есенската сеидба е уште еден предизвик за производителите.

Сепак, поместувањето на роковите не мора нужно да значи и послаба жетва.

- Сортни испитувања, кои се оние сорти кои што можеме да ги употребуваме во сеидбата, се всушност едни од испитувањата на селекционерите и на генетичарите за да може да имаме подобри приноси. На крајот на денот, најважно ни е каква храна јадеме и дали имаме ние доволна количина на храна да ги задоволи нашите потреби, додаде Арсов.

Сè повеќе земјоделци се потпираат на стручни анализи при изборот на семенски материјал и подготовката на почвата.

- Нашето искуство и лабораториските истражувања во УНИЛАБ, научноистражувачкиот центар на Земјоделскиот факултет, покажуваат дека од година во година бројот на анализи се зголемува, што значи дека свеста кај производителите веќе се зголемува, изјави Арсов.