Македонија
28. October 2026 - 12:22

Климатските промени го загрозуваат пчеларството

Климатските промени го загрозуваат пчеларството.Драстично намалени се приносите на мед а се појавуваат и болести кај пчелите. Промените на климата влијаат и врз сѐ помалиот број пасишта за пчелите, растенијата цветаат порано или подоцна од вообичаено, со што се нарушува времето на опрашување. Пчелните семејства, мора дополнително да се прихрануваат.

Охридските пчелари се жалат и на нелојална конкуренција од фалсификатори на мед. Велат нивниот број се зголемува и сериозно го загрозува пласманот на вистинскиот мед, чие производство континуирано се намалува .
Во охридското Здружение членуваат околу 60 активни пчелари.