Клинички центар со еден директор и без организациски менаџери после изборите
Спојување на Клинички центар со еден директор, без организациски менаџери, управни одбори и служби после изборите, а не по Нова Година како што планираше министерот за здравство.
Најмалку еден милион евра годишно одат за плати на околу 200 функционери во најголемиот здравствен комплекс во државата и затоа уште пред еден месец на Влада без никаква забелешка поминала информацијата за реорганизација на клиниките.
- Ова ќе биде реалност некаде до крајот на мај или почеток на јуни. Течат сите процедури. Треба да се спојат 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациски директори. Тие заеднички служби, 20 милиони евра загубари кои јас многу ги сакам, нема да ги дозволиме. Нема да дозволиме веќе вакви работи во здравството, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.
Спојување на Клинички најавуваше и Венко Филипче, потоа реорганизација на најголемиот клинички центар како приоритет му беше и на Беким Сали. Сегашните функционери велат ќе биде после изборите. Имаа одговор и на прашањето што ако новата Влада не го реализира овој процес.
- Истата Влада ќе остане...Еве, одговори премиерот - велат Меџити и Ковачевски.
Освен Клинички со еден директор Меџити најавуваше и вработување на сите што се на определено време во здравствените установи. Но, кочница било Министерството за финансии.
- Шест или седум месеци се договаравме со Министерството за финансии. Напорно работев и навистина не знам зошто се случува ова. Утре на владина седница повторно многу динамично и бескомпромисно ќе го поставам ова прашање, вели Меџити.
Околу 1800 медицински сестри, лаборанти, болничари, административци по неколку години работат со договор на дело во болниците и клиниките за минимални плати без здравствено и пензиско осигурување.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
