-->
-->
Кливленд го има вториот најдобар старт во историјата на НБА
-->

Тимот на Кливленд кавалирс, ноќеска го совлада Шарлот хорнетс со 128:114 за 15. победа од почетокот на сезоната во НБА-лигата.
Кавалирс се четвртиот тим во историјата на лигата кој ја започнал сезоната со скор од 15-0, израмнувајќи се на второто место во историјата на НБА.
Само Голден Стејт има подобар почеток, во сезоната 2015/16 со биланс 24-0, Вориорс поставија рекорд во лигата која ја завршија со скор 73-9.
Биланс 15-0, пред Кавалирс имаат, Вориорс 2015/16, Хјустон рокетс 1993/94 (15-0) и Вашингтон 1948/49. Сите екипи тогаш стигнаа до финалето на НБА.
Петнаесет победи во низа е најдобрата серија во историјата на Кливленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
