Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани

Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
-Во моментот ми јавија дека има судска наредба за приведување на нови седум полициски службеници и во моментот трае нивното приведување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Коцевски во интервју за телевизија Телма, не сакајќи да изнесува повеќе детали во интерес на истрагата.
Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.
Претходно, беше поведена истрага за седум полициски службеници.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.
Ново на Сител
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
