Кога граничниот премин Клепало ќе стане реалност?
После 3 децении разговори и преговори, на повидок е и практична реализација и отворање на граничниот премин „Клепало“ во близина на Берово. Проектот ќе се реализира преку грант сретства од Програмата за помош на Европската Унија „Крос бордер“, за која заеднички аплицирале Бугарија и Македонија.
-Грантот е одобен, на македонска страна се доделени 4,5 милиони евра и очекувам некаде февруари-март да биде објавен јавниот повик за звршување на градежните работи и реконструкција на целокупната зграда- изјави Златко Ветеровски, Царинска управа, помошник директор на Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција
Истовремено и бугарската страна интензивно работи во изградбата на пристапниот пат. Отворањето на граничниот премин ќе овозможи подобра комуникација на граѓаните од двете страни на границата, размена на идеи, развој на економијата и туризмот и можност за нови вработувања и подобрување на социо-економската положба на граѓаните. Со грант средства од Унијата ќе се реконструира и граничниот премин „Делчево“.
-Грантот за „Делчево“ е 2,9 милиони евра, што предвидува реконструкција на зградата, воведување на нови терминални ваги за дигитално мерење, како и проширување на самиот граничен премин- додаде Ветеровски
Со градежните работи ќе се започне на почетокот од втората половина на следнта година.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар