КОГА НОЌТА ПАЃА
Постојат приказни кои започнуваат како бајка, но се претвораат во вистинска борба против судбината. Приказни во кои љубовта се раѓа таму каде што најмалку се очекува, а минатото фрла сенка врз секој обид за среќа. И токму во една ваква приказна оживува вечната борба меѓу срцето и разумот. Со прекрасните локации, силните емоции и неочекуваните заплети, серијата привлече внимание и на меѓународната телевизиска сцена, добивајќи номинација во категоријата за најдобра драмска серија за 2025 година.
Серијата го следи Махир, млад полициски комесар кој по дваесет години се враќа во родниот крај, решен да ја открие вистината за убиството на својот татко и да се пресмета со човекот што му го уништил детството. Но, една неочекувана средба ќе ги промени сите негови планови. Среде волшебните пејзажи на Памук кале, тој ја запознава прекрасната и таинствена Џанфеза. Меѓу нив веднаш се раѓа силна привлечност, која набргу прераснува во љубов. Меѓутоа, Махир не знае дека девојката која му го освоила срцето е ќерка на Куршат Килимџи, моќен и влијателен човек, кого го смета за одговорен за смртта на својот татко.
Она што започнува како романса постепено се претвора во опасна игра. Махир ќе мора да избере меѓу љубовта и одмаздата, а Џанфеза да се избори против очекувањата на своето семејство и иднината што другите ја испланирале за неа. Додека Куршат Килимџи настојува да го зачува своето влијание и да ја контролира судбината на својата ќерка, влијателното семејство Јилмаз се соочува со старите непријателства и нерасчистените сметки од минатото.
Во свет во кој семејната чест и личните амбиции честопати стојат над вистинските чувства, секоја одлука може да предизвика нови предавства и неочекувани пресврти. Во свет во кој секој крие по некоја тајна, а минатото никогаш не останува закопано, вистинските чувства постојано се ставаат на испит. И токму кога ноќта паѓа, кога тајните оживуваат, а судбината ги открива своите најнеочекувани лица, ќе следиме една љубовна бајка во која ништо не е онака како што изгледа.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за двајца вработени на УГД-Штип
-

Следната недела надзорна расправа за работењето на Алта банка во Собранието
-

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
-

СДСМ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка
-

16 повредени во кочанската дискотека повторно оперирани од израелски и македонски лекари
-

Како до подобри социјални и здравствени услуги во Западен Балкан, но и Австријците научиле нешто од нас
-

Преглед на вестите од светот
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
