Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик.
На 30.10.2025 при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин.
При претрес извршен на 31.10.2025, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
