Колективните договори ќе одат пред Уставен суд
Колективните договори ќе ги разгледува Уставниот суд. Иницијативата ќе ја покрене Гласен текстилец и правни екперти, кои после едногодишна анализа дошле до заклучок дека, колективните договори наместо да ги унапредат, ги уназадиле работничките права.
- Има изземено некои права, кои замислете во 1995 година ги имале работниците од јавниот сектор, а тоа е синдикалната заштита во постапките за прераспределување, односно, посточеката двомесечна анализа која што како право на заштита ја имале оваа категорија на вработени. Денеска тоа е оставено на законските норми, додека колективниот договор не предвидува ваква заштита- изјави Трајче Ристов, правен експерт.
Една одредба во колективните договори во текстиланата индустрија предвидува не платена прекувремена работа, во случај кога работодавачот ќе утврди дека одреден нормиран учинок не е исполнет од страна на работникот.
- Заради спасување од отказ, ваквиот работник би можел на еден начин бесплатно да работи во продолжение на работното време, факт што според мене е апсолутен правен нон сенс- додаде Ристов
Во моментот актуелна е исплатата на К-15, а постојните решенија на работодавачите им дозволуваат да исплатат и по само 100 денари на име регрес за годишен одмор.
- Намерно се остава слободно толкување, зошто синдикатите не се на страната на работниците, зашто намерно е оставена таа „дупка“ во колективниот договор, каде што вели, доколку фирмата има економски потешкотии може да исплати пониска сума од предвидената- изјави Кристина Ампева, гласен текстилец-Штип.
Со порастот на просечната плата се зголемува и износот за К-15, но не е наведен законскиот минимум за исплата, што отвора можност за манипулации.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар