Македонија
16. јуни 2022 - 12:23

Колкави штети предизвика невремето во Босилово?

Заврши пријавувањето на штети предизвикани од невремето кое на почетокот од овој месец ја зафати општина Босилово. 

До општинската комисија за проценка на штети пристигнати се околу 150 барања, а се однесуваат на површини со градинарски култури, но и посеви со овошни насади. 

Точната површина која беше зафатена пред се од силниот град засега не е позната бидејќи како што информираат од општината на едно барање има пријавено повеќе парцели.

Откако ќе заврши теренскиот дел од работата на комисијата ќе следи изработка на елаборат кој треба да биде доставен пред општинскиот совет. 

За Околу шест месеци ова е втор пат како дел од територијата на општина Босилово трпи штети од временските непогоди. 

На крајот од декември минатата година обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реката Струмица која поплави неколку деловни објекти и дваесетина куќи.