Македонија
17. August 2020 - 16:53

Колку е безбеден регионалниот пат Охрид - Свети Наум?

Патот Охрид - Свети Наум обраснат со висока трева и трња.Овој патен правец кој во екот на сезоната е еден од најфрекветните е непрегледен за патниците средишниот појас е запуштен.

Од Македонија пат за Сител велат дека еднаш месечно ја косат тревата и го расчистувааат просторот околу патиштата и  дека при одржување се води сметка за тоа прво да се расчисти просторот на оние делници кои се приоритетни. Од Охридски Комуналец пак на став дека и покрај тоа што тоа не е е во нивна надлежнoст сепак во неколку наврати го уредувале теренот.

Дополнителен проблем е што дел од патот е тесен и опасен за возење, поради што многу често се случуваат и сообраќајни незгоди.Токму вчера на овој патен правец згасна млад живот а 5 други лица се здобија со телесни повреди. Од СВР Охрид постојано предупредуваат на почитување на сообраќајните правила и прописи и апелираат на одговорно и совесно однесување во сообраќајот .

Овој патен правец  целиот обраснат кој води до плажите и туристичките места долж Охридското Езеро каде  многу често поминуваат високи делегации и голем број на туристи претставува грда слика за градот.