Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
Судската медицина продолжува со анализите од ексхумираната жена која е почината пред еден месец, кои треба да се споредат за да се утврди дали уапсениот 25 годишник од Куманово бил и нејзиниот убиец. Траги од него се бараат и кај старицата од селото Челопек која синоќа ја сними Сител и сведочеше дека и таа била нападната од истиот осомничен, но за среќа преживеала. Доказите кои ќе треба да се обезбедат ќе покажат дали во кумановско имало сериски убиец.
Но колку ќе биде тешко да се направи ескуминација и на други жртви кои се подогло време починати за да се утврди дали и тие биле мета на осомничениот убиец? Поранешниот началник во МВР објаснува дека доколку имало траги на насилство, лесно ќе се открие, а судската медицина и МВР имаат стручни тимови.
Истражните органи ќе треба да ги споредат убиствата и доказите за да може да се најде мотивот на осомничениот убиец и да се докаже дали и колку биле негови жртви. И во минатото во Македонија имало сериски убисјци, затоа
Ѓурчевски смета дека за време на истрагата која може да трае и до шест месеци ќе успеат да откријат.
Осомничениот 25 годишник од Куманово се наоѓа во притвор, а наредено е негово психијатриско вештачење од страна на тим форензичари психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
