Колку луѓе би загинале во нуклеарна војна? Поради ова видео сите се плашат, дури и да го погледнат

Во случај на Трета светска војна од нуклеарни напади во првите три недели би можеле да загинат околу 500 милиони луѓе, пренесува Спутник.
Експертот за визуелизација на податоци Нил Халоран објави видео кое тој го изработил, а на кое го проценува бројот на жртвите од нуклеарната војна.
Графиконот го покажува годишното менување на популацијата во светот. На видеото исто така се гледаат и вкупниот број смртни случаи секоја година во 20. век.
Авторот ги прикажал бројот на жртви од атомските бомби фрлени во Хирошима и Нагасаки, како и бројот и капацитетот на нуклеарни боеви глави кои би погодиле цели во САД, Европа, Русија но и други места во случај на Трета светска војна.
Халоран проценува дека во првите три недели по нуклеарните напади ќе загинат околу 500 милиони луѓе.
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
