Македонија
19. December 2023 - 16:43

Колку основци и средношколци ќе добијат финансиска поддршка?

Треба да имате време, трпение и нерви за да го отворите сајтот на образование каде е јавниот повик за финансиска поддршка за основци и средношколци. Доколку успеете во подвигот добивате упатство што се е потребно за аплицвирање. Главниот услов за пријавување е домашниот месечен буџет да биде до 50 000 денари. Надлежните велат нема да биде прв дојден прв услужен туку за сите што ги исполнуваат критериумите.

Денеска вибер групите во училиштата се преполни со прашања и дилеми од родители кои не можат да се снајдат со сите услови кои се неопходни. Копија од трансакциска сметка, Потврда за последно исплатена плата на родители или старател, ако е дете на разведени доказ од правосилна судска пресуда а ако еден од родителите е починат доказ од книгата на умрените.

Рокот е до петок и помошта од 1200 денари за основци и 1800 за средношколци ќе биде 6 месеци, почнувајќи од декември.

Од образование велат секој месец ќе го објавуваат повикот за оние кои не стигнале да се пријават, но и за ученици на кои правото им престанува поради неисполнување на критериумите.

Тоа ќе го утврдува училиштето каде учи ученикот бидејќи секој месец до траење на финансискта поддршка ќе мора да ги приложуваат неопходните документи – дали дошло до промена на плата, вработување на некој од родителите кој претходно бил под Агенција..

- Учениците секој месец до училиштата ќе ги доставуваат документите со кои се потврдува исполнетоста на условите за продолжување на правото на користење на мерката, велат од МОН.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 105 000 ученици за што од буџетот ќе бидат издвоени 14,3 милиони евра.