Колку вработените во јавниот сектор се невакцинирани за да се креираат рестриктивните антиковид мерки?
Нема точна бројка колку административци се вакцинирани, а колку ќе треба да приложат негативен ПЦР тест за да одат на работа. Од министерството за информатичко општество и администрација велат дека немаат податок колку од 131 илјади вработени не се имунизирани. Министерството за здравство има само број на вкупно вакцинирано население, без анализа во кој сектор припаѓаат имунизираните, иако тие се заведени со матичен број во единствената база на вакцинирани. Во услови кога се заканува нов силен бран, должност на министерот и Комисијата за заразни болести е да предлагаат мерки кои ќе додат резулатати, велат од здравство. Имунизацијата за здравственитте работници ќе биде задолжителна. Ако во окој сектор работат околу 22,000 лица, сега ќе треба уште 4 до 5 илјади медицински персонал задолжително да се вакцинирааат.
Висок процент на вакцинирани има и во секторот образование. Министерската Царовска е задоволна што најголем процент од наставниот кадар е имунизиран.
Околу 75 80% од наставниот кадар е вакциниран, изјави Мила Царовска, министер за образование.
И од министерството за локална самоуправа немаа прецизни податоци. Спроведоа анкета меѓу вработените која покажа дека 54 вработени, 40 се вакцинирани, 11 не и 3 одбиле да одговорат.
Инаку цената на еден ПСР тест се движи од 1,400 до 2,200 денари. Ако треба најмалку еднаш неделно да се тестираат, за еден месец аминситративците кои нема да се вакцинираат , ќе треба да плаќаат во просек по 8 илјади денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
