-->
-->
Комисијата за прашања на изборите и именувања ќе расправа по четири предлози за Уставен судија
-->
Професорите Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ –Скопје, и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Никола Витларов, се четирите предлози за Уставен судија за кои денеска во Собранието расправа Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска е на предлог од владејачкото мнозинство, додека, останатите тројца денеска ги предложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Од нив треба да биде избран само еден кандидат.
Предлогот за нов уставен судија е поради испразнето место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
