Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.
По усвојувањето на документот, Вајц изрази задоволство бидејќи е изгласан со широко политичко мнозинство.
- Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата на Северна Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување, вели Вајц во изјавата што до медиумите ја достави прес-службата на Европскиот парламент.
По гласањето, бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложи додавање на „мислење на малцинството“.
Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваа со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.
Во Извештајот на Вајц се нагласува потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се посочува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Се повикува на брз напредок во преговорите за членство во ЕУ и спроведување на уставните измени. Во документот постојат неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.
Сега останува Извештајот да биде одобрен на планарно заседание на Европскиот парламент. Следното пленарно заседание на ЕП е закажано за од 7 до 10 јули во Стразбур.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
