Македонија
25. July 2025 - 12:19
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
Со комунални екипи на неколку скопски општини се расчистува просторот на скопското Кале.
Министерството за култура и управата за заштита на наследство побарале помош од ЗЕЛС им помогне во комуналната акција за да оспособат просторот за да отпочнат со проектот за заживување на главното обележје на градот.
Со ребаланс на буџетот обезбедени се 8 милиони денари за реновирање на музеите на калето кои до крајот на годината надлежните ветија дека ќе бидат завршени.
-->
-->