Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор
Повеќе од 1000 јавни службеници од целата држава стартуваат со обуки за ефикасно работење во служба на граѓаните. Македонската администрација преку серија тренинзи ќе ги слушне искуставата на експерти од Словенија и Франција, кои ќе споделат практики кои дале резултати во нивните земји.
Како важен сегмент во функционирањето на државата, јавниот сектор треба да биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата, порача премиерот Мицкоски обраќајќи се на настанот „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во јавниот сектор“. Најави департизација на институциите и ја обвини претходната влада дека оставила демотивирани службеници.
Мицкоски ги повика министрите и градочалниците да ги поддржат ваквите програми и да обезбедат на секој вработен да има пристап до обуки за професионален развој.
Споредувајќи ја асминистрацијата со крвоток на државата, ресорниот министер Минчев порача дека реформите во јавната администрација се клучен дел од евроинтеграциите.
Освен во Скопје, во наредните месеци ќе се реализираат регионални обуки за административните службеници од источниот, полошкиот и пелагонискиот регион.
-
Ивана Сокловиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар