Кондов: Османи ми рече дека изјавата на Ковачевски не се однесува на цела Бугарија, туку на одредени бугарски политичари
Македонија мора да го смени начинот на кој се однесува кон Бугарија бидејќи ова не е патот за нејзина побрза интеграција во ЕУ, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Иван Кондов по состанокот со министрите за надворешни работи во Брисел.
Кондов информира дека разговарал со неговиот македонски колега Бујар Османи во врска со неодамнешната изјава на премиерот Ковачевски во која тој кажа дека односот на Бугарија кон Македонија е сличен на оној што Русија го користи кон Украина.
Во оваа насока Османи кажал дека изјавата на Ковачевски не била насочена за политиката на Бугарија во целост туку на одредени бугарски политичари.
- Османи се обиде да објасни дека де факто изјавата на премиерот е поврзана со конкретни политичари, а не во принцип, со политиката на Бугарија, но јас го прашав зошто во таа ситуација се споменува Бугарија, а не конкретниот политичар на кој тоа се однесува, изјави Кондов.
Премиерот Ковачевски пред шест дена на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на ЕУ во Рејкјавик рече дека дискурсот којшто се користи од Буарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
