Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“

Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“.
Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Овие настани, како што нагласуваат организаторите, ја дефинираа траекторијата, суштината и отпорноста на нашето партнерство и го отворија патот на процесот на европска интеграција на земјава.
Обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, по што ќе следат два тематски панели за геополитичкиот контекст на проширувањето, улогата на младите и можностите за повторно активирање на европскиот пат, како и за владеењето на правото и економската конвергенција како неопходни темели за кредибилен и заслужен процес на пристапување.
-Конференцијата доаѓа во критичен момент за иднината на проширувањето на ЕУ и дава навремена можност не само да се размисли за постигнатиот напредок, туку и да се потврди стратешката посветеност на европската интеграција. Во контекст на еволуирачката геополитичка динамика и обновените дебати за улогата и кредибилитетот на Европската Унија, настанот има за цел да обезбеди платформа за суштински и напреден дијалог меѓу високи креатори на политики, дипломати, академски лидери и претставници на деловната заедница и младите, посочуваат организаторите.
МИА
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
