Конференција за младите како фактор за лидерство и одржлив економски развој во Македонија
Ниските плати, немањето услови за напредување во кариерата, недоволното почитување и неслушањето на гласот на младите, се едни од главните причини за масовното иселување од Македонија.
Ова беа дел од ставовите кои ги иснесоа студентите од Економскиот факултет од Скопје на конференцијата „Младите фактор за лидерство и одржлив економски развој во РМ“, која се одржува во Крушево. Младите бараат драстични промени во општесвото за да останат дома.
„Потребни се повисоки плати, бидејќи секој цели кон подобар живот, тоа најчесто го бараат младите во странство и затоа иселувањето е во пораст“, истакна Никола Маџов, студент на Економскиот факултет – Скопје.
„Потребни се подобри услови за работа, повисока плата, да може да се успева повеќе во професијата“, кажа Љубица Мирческа, студент на Економски факултет – Скопје.
„Да се ценат младите во државава, бидејќи не се ценети, не им се слуша гласот на младите во државава“, вели Илија Зероски, Економски факултет – Прилеп.
Поради иселувањето стопанствениците веќе започнале да се соочуваат со недостиг од стручна работна сила.
„Како да се задржат младите е доста тешко прашање, дефинитивно една од основните работи е да им се даде соодветна плата. Но исто така треба и општеството да создаде подобри услови за квалитетен живот, затоа што честон среќавам луѓе кои што немале проблем со работата или примањата туку си заминуваат од државата поради квалитетот на животот“, потенцираше Абдулезел Догани, генерален извршен директор на „Везе Шари“.
„Предолго од процесот на градење на плурализмот дозволивме да се инкорпорира во сите сегменти од нашите животи. На тој начин доколку претходните генерации се носеа со истото младите едноставно имаат право на избор и сметаат дека не треба вака и одат општества каде можат потполно да си ги остварат своите демократски процеси“, изјави Ирена Јакимоска, менаџер и косопственик во „Комфи Ангел“.
За стопирање на иселувањето потребна била координирана акција на образованието, државата и бизнис секторот.
„Македонија мора превзема континуирани чекори да ја стабилизира и креира економијата базирана на знаења и иновации“, додаде проф. Игор Ивановски, Економски факултет – Скопје.
Оваа студентска конференција ќе продолжи и во наредните 2 дена.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
