Бизнис
2. March 2026 - 16:46

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза

Конфликотот на Блискиот Исток  – закана за нов ценовен шок во светот. Цените на енергенсите растат, доларот и златото добиваат на вредност, додека акциите паѓаат. За 20 отсто или речиси 80 долари се продава барел нафта. Цена, што според аналитичарите е на ниво на технички отпор. Скок до 28 отсто е регистриран и кај природниот гас, а во исто време берзанскиот индекс потона до 3%. Што ќе се случува понатаму – зависи од тоа колку ќе трае конфликтот. Ако брзо заврши, ќе следи стабилизација, но ако потрае над еден месец – цените ќе продолжат да растат, и според експертите, можно е разгорување на инфлацијата.

- Ако конфликтот потрае над еден месец, можно е нивото од 80 долари за барел да биде пробиено и тогаш можно е да дојде до глобална инфлација. Централните банки ќе треба да реагираат. Најверојатно е дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво, наспроти очекувањата за благо намалување, и тогаш инвестоторите ќе ги реализраат средствата кон посигурни инвестиции - ќе  расте доларат и швајцарсиот франк, како и златото, но не со толкава динамика. Додека берзите ќе продолжат да паѓаат можат да загубат до 10% од вредноста, изјави Бојан Цветановски, Асоцијација на финансиски пазари.  

Иако официјално не е затворен, ретко кој танкер поминува низ Ормускиот теснец, кој се наоѓа помеѓу Иран и Оман. Вообиченао, низ овој теснец дневно поминуваат по 20 милиони барели сурова нафта, или околу 30% од глобалната трговија со нафта по море, како и 200 илјади тони природен течен гас. Ако остане непрооден, цените на енергенсите ќе одат нагоре. 

- Сепак, од интензитетот и должината на нападот врз Иран ќе зависат цените. Во секој случај ќе има забавување на економскиот раст.  А знаете дека нафтата е основниот инпут во производството, додава Цветановски.

Според аналитичарите- зголемувањето на цената на нафтата за 5% во однос на претходната година, ќе значи дополнително зголемување од 0,1 отсто на просечната инфлација. Или ако нафтата скокне на 100 долари за барел, инфлацијата би се зголемила за дополнителни 0,6 до 0,7% процентни поени. Голдан Сакс проценува дека едномесечниот прекин на транспортот низ заливот, може двојно да ја зголеми цената на гасот во Европа. Иако ОПЕК се согласи незначително да го зголеми дневното производство на нафта, ако физички истата не може да излезе од заливот, поголемото производоство ќе има само мало влијание врз пазарот.