Бизнис
27. July 2026 - 16:33

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење

Повторно поскапуваат горивата – бензините за 3, дизелот за 4 и пол денари. Од полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе се точи за 93 денари, 98-октанскиот за 95, а дизелот за 98,5 денари по литар.

Доколку продолжи трендот на поскапување на светските пазари, Владата кон крајот на неделава би можела повторно да интервенира со мерки за ублажување на ценовниот удар. Или дополнително ќе се кратат акцизите или ќе се намалува ДДВ-то.

Ова го најави претседателот на Регулаторната комисија Ацо Ристов, посочувајќи дека берзанските цени на нафтените деривати достигнале над 1.200 долари за тон. Кажа дека следните цени ќе бидат познати во вторник, поради тоа што понеделник е неработен ден.

Јас се надевам дека ќе бидат поповолни, бидејќи ова веќе ова веќе стана...Проблемот, ќе видите дека не се работи веќе за производство на нафта. Нафта има многу во пазарот, меѓутоа нема производство на нафта, односно нафтени деривати. А ние уредуваме нафтени деривати, не сурова нафта. Нафтени деривати значи дека рафинериите не можат да работат. Многу од рафинериите се уништени со војните, како во Русија, така на Блискиот Исток и сега неа пазарот има недостаток на деривати, не на сурова нафта. Додека ова помине, веројатно ќе имаме релативно високи цени коишто не зависат од суровата нафта“, кажа Ристов.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија ги донесе и новите цени за топлинската енергија, кои ќе важт од 1 август. За најголемиот дел од потрошувачите што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, сметките ќе бидат повисоки за околу 6 проценти. Кај корисниците на ЕСМ Енергетика цената се зголемува за 5,18 проценти, додека кај Енерџи Еко Линк, поранешно Скопје Север Снабдување, поскапувањето изнесува 3,65 проценти.

Од Регулаторната комисија велат дека најголемо влијание врз формирањето на цената има природниот гас, но годинава во пресметките е признаено само усогласување со инфлацијата, додека дел од трошоците што ги побарале компаниите не биле прифатени.

Морам да кажам дека оваа цена којашто ја користат, односно којашто ја добиваат потрошувачите на топлинска енергија во град Скопје, е една од најниските во регионот. И тоа истражување го направивме. Имено, ние сме поевтини во однос на Белград за 41 %, во однос на Љубљана за 34 %, Сарарво 19,2 % и така натаму“, истакна Ристов.

Годинава немало ниту едно исклучување од системот за централно греење, а се приклучиле над 1.500 нови потрошувачи, со што вкупниот број корисници надминал 67 илјади.