Македонија
17. November 2021 - 16:39

Конституиран Советот на Град Скопје

Трајко Славевски избран за претседател на Советот на Град Скопје со мнозинство гласови на советниците. За Славевски гласаа и  двајцата советници од коалицијата ЛДП ДОМ  а поддршка доби и од Левица.

Во наредните 4 години порача  дека будно ќе ја следат и  контролираат работата на градоначалничката.

Советничката од ДОМ го дала својот глас за славевски за да има конструктивен совет, но вели останува опозиција. За бесплатниот превоз од мнозинството сметаат дека е изводлив проект и тоа во догледно време, додека пак од Левица велат ќе треба да се одредат социјални критериуми кој треба да добие бесплатно возење.

Допрва ќе се одлучува дали  седниците ќе може да се одржуваат со физичко присуство наместо како до сега онлајн.