Македонија
16. јуни 2016 - 16:16

Контролите на сообраќајните патроли ќе бидат снимани

Со 17 мобилни камери поставени на службената униформа, сообраќајната полиција ќе ги снима своите работни задачи на автопатиштата низ Македонија.

Преку нов проект полицијата ќе ја враќа довербата во службените лица. Камерите имаат капацитет од шест часовно непреќинато снимање, а службените лица ќе бидат целсоно исклучени од можноста да ги бришат снимките.

Видео материјалите автоматски ќе бидат префрлани во посебна база на податоци која ќе ја користи внатрешната контрола постапувајки по поднесените приговори за постапките на полицијата.

Овој систем треба да ги спречи коруптивните постапки и да обезбеди систем на почитување на правата на граѓаните.

Полициските службениц веќе се на обука која треба да заврши до крајот на овој месец. На проктото со МВР работи ИЦИТАП – одделот за правда на САД во Македонија, а вкупната донација, во опрема, систем за поддршка и реализација на потребаната обука изнесува 65 илјади американски долари.