Корона кризата ги врати луѓето на село
Во време на пандемија заживуваат селата .Притиснати од корона кризата граѓаните се почесто спасот го гледаат кон враќањето во родните огништа кои од одредени причини ги напуштиле. Се поголем е број на оние кои од домашниот карантин бегаат во природа на село. Од општина Дебарца велат дека изминативе години работат на промоција на туристичките потенцијали со кои располага овој регион за привлекување на туристи.
И во Вевчани сликата е иста голем број на иселеници се вратиле во родното место.Градоначалникот Јанкоски вели дека оваа година очекуваат домашни посетители кои ќе може да уживаат во природната убавини и вевчанските извори.
Двете општини во западна Македонија преку најразлични промоции се залагаат за развојот на туризмот а чистиот воздух и вода , прекрасната природа во спој со традиционалната храна се едни од можностите за привлекување на гостите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
