Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
Без владеење на правото, нема влез во Европската унија. Ваква порака до земјите кандидати испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос по вчерашниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија, на кој присуствугва и министерот Муртезани. Иако има одреден напредок на ова поле, Кос вели дека Унијата е загрижена за одредени непочитувања на основните принципи на владеењето на правото во Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
„Мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулатори продолжуваат, што е неприфатливо. За основните вредности нема да има никаков компромис. Јасно е дека ако кандидатите не го почитуваат спроведувањето на владеењето на правото во своите земји, тие нема да можат да бидат членки на Унијата, изјави Кос
Филипче пак бара политички консензус за спроведување на реформската агенда. Од денешната работилница за придонесот на Собранието во ЕУ преговорите, Филипче како претседавач со Националиниот совет за евроинтеграции порача дека е жално што Владата воопшто не ги спроведува реформите кои ги бара Унијата, додека земји како Албанија и Црна Гора се далеку пред нас.
Во однос на консензус за уставните измени Филипче смета единствено место е Собранието.
Нема друга институција во државата во која што треба да седнат сите политички чинители и да го постигнат потребниот консензус. Ако и формалниот дел, самото гласање, и така натаму, се одвива во Собранието, нема потреба да бараме други форми. Барем во делот на спроведувањето на реформите, да покажеме некаков перформанс. Жално е што тоа не се случува во овој момент со доволна динамика, така како што треба да се случува. Се доцни со носењето на приоритетните закони од реформската агенда, пред сè од Министерството за правда “, рече Филипче.
Единствениот успех на Филипче и неговата влада во делот на евроинтеграциите е сликата во авионот и промената на името, му одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
Реформската агенда и те како се почитува, се работи и се спроведува на дело, но Филипче нема увид во тоа бидејќи се занимава со друга политика, а тоа е ширење на омраза, малверзации и невистини, стои во реакцијата на владејачката партија.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар