Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ
Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ. Тоа го изјави европската комесарка за проширување Марта Кос синоќа во изјава за словенечкиот јавен сервис.
„Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но не е доволно ние да го кажеме тоа. Секако, Србија мора да спроведе бројни реформи за да докаже дека навистина заслужува членство во Европската унија“, рече Кос.
Таа зборуваше и за причините зошто знамињата на ЕУ не можат да се видат на студентските протести во Србија.
„Интересно е што кога ги прашав различните претставници зошто нема европско знаме, добив приближно четири одговори. Првиот е затоа што го поддржувате Вучиќ. Вториот е затоа што не бомбардиравте – патем, тоа беше НАТО, а не ЕУ. Третиот е затоа што барате од нас да го признаеме Косово, што ЕУ, секако, не го бара од Србија. И четвртиот е затоа што нема да се замериме со Русија. Така што, тоа е комплицирана ситуација“, рече Кос.
Таа додаде дека е во постојан контакт со претставниците на граѓанското општество во Србија, пренесоа српските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми