Преглед на вестите од светот
Десет лица загинаа во борбата во големиот шумски пожар во провинцијата Ексишехир, во централна Турција. Жртвите се пет пожарникари и пет шумски работници. Додека се справуваа со пожарот, ветерот ненадејно го промени правецот и ги пренесочени пламените јазици кон нив изјави пожарникар кој бил сведок на трагедијата.
- Тие се бореа со пожарот над брдото т, додека ние се боревме на дното.„Тие се обидоа да избегаат од пожарот што се движеше нагоре, но не можеа да го сторат тоа изајви Ерџан Темел, пожарникар.
Огромниот шумски пожар што беснее на јужен Кипар одзеде два човечи животи, уништи населби и ги принудите жителите на 14 села да се евакуираат.
- Кога се раздени видовме катастрофа од библиски размери. Тоа е неопислива трагедија за сите. Најмногу за жителите на областа. За жал, повеќе нема да го имаме овој рај во кој уживавме толку години.“
Властите побраа помош од Европската Унија за справување со пожарот кој порад силните ветрови претставува закана за градот Лимасол.
Патнички авион се урна на рускиот Далечен Исток, при што загинаа сите 49 лица во него, соопштија службите за итни случаи . Авионот превезувал 43 патници, вклучувајќи пет деца, заедно со шест членови на екипажот. Остатоците се пронајдени на пошумена планинска падина на околу 15 км од аеродромот во градот Тинда, крајнатата дестинација на летот. Авионот, Антонов Ан-24 полетал од Благовешченск . Исчезнал од радарите недалеку од неговата дестинација. Се истражуваат причините за несреката. Според медиумските извештаи , леталото било во сопственсот бил стар околу 50 години. Леталото било во сопственост на руската авиокомпанија „Ангара ерлајнс“. Оваа авиокомпанија и претходно се соочувала со инциденти со истиот модел на авион додека се подготувал да слета.
Антонов Ан-24 е еден од најстарите патнички авиони што сè уште се во употреба во светот. Неговото сериско производство започна во почетокот на 1960-тите. Според медиумските извештаи, самиот авион бил стар речиси 50 години.
Според извештаите, Ан-24 исчезнал од радарот за време на вториот пристап кон слетување, откако го прекинал првичниот обид од причини кои остануваат нејасни. Временските услови во тој момент сè уште не се јавно потврдени.
Авионот на „Ангара ерлајнс“ со двоен мотор, Антонов Ан-24, се урна околу 13 часот по локално време во близина на градот Тинда во Амурската област. Авионот летал на повеќекратна домашна рута од регионалниот центар Хабаровск до Благовешченск, а потоа и кон Тинда.
Патнички авион се урна во Амурската област во Русија. Во несреќата загинаа сите 49 лица, вклучувајќи 43 патници и шест членови на екипажот. авион од типот Антонов Ан-24, кој летал на релација од Благовешченск до Тинда, исчезнал од радарите.
Причините за несреќата се истражуваат. Остатоците од урнатиот авион, кои биле во пламен, биле пронајдени на планинска падина во Амурската област, на далечниот исток на Русија, во близина на границата со Кина. Местото на несреќата е лоцирано на околу 15 километри од градот Тинда, што била крајната дестинација на летот. Спасувачките екипи се соочиле со тешки услови за пристап до локацијата.
Утрово силите на Тајланд и Камбоџа разменија оган во спорното гранично подрачје, објавија армиите на двете земји, притоа обивнувајки се мегусебно кој прв почнал. Конфилктот ескалираше брзо, при што Тајланд ја обвини Камбоџа за испукување ракети при што загинале 9 цивили, по што Бангкок изврши воздушни напади врз воени цели во Камбоџа.. Камбоџа сè уште не потврдила дали има жртви.
Премиерот на Камбоџа Хун Манет побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН а тајландското министерство за надворшени работи порчаа дека Тајланд е подготвен да ги засили мерките на самоодбрнаа доколку Камбоџа продолжи со оружените напади. Кина ги повика двете страни да да се воздражат од насилство и да ја деескалираат ситуаицјата а граничнот спор да го решат преку дијалог.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар