Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека Европската Унија ќе издвои две третини од дополнителните 70 милијарди евра што ги побара Украина за да остане во борбата против Русија идната година.
Во интервју за „Рапортер“ (пораНешен Еурактив), тој рече дека ЕУ обично покрива две третини од финансиските потреби на Украина и дека на последната седница на Европскиот совет е договорено да се обезбедат дополнителни потреби за Украина.
„Вообичаено, ние покриваме две третини од финансиските потреби на Украина… Две третини од 70 милијарди евра изнесуваат 46,7 милијарди евра. На последниот состанок на Европскиот совет се договоривме да ги покриеме дополнителните потреби на Украина и ѝ дадовме задача на Комисијата да изнесе конкретни решенија за тоа. Комисијата работи на тоа и претпоставувам дека во ноември ќе можеме да донесеме одлука за ова прашање, додаде Кошта.
МИА
Ново на Сител
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
