Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила - „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“ удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
