Коста Крпач сам си го одзел животот, обвинителството продолжува со утврдување на причините и околностите
Коста Крпач сам си го одзел животот покажала предизстражната постапка која ја спроведува јавното обвинителство. Денеска преку соопштение обвинителството ја информира јавноста дека досега спроведената постапка за предметот утврдила дека станува збор за самоубиство.
- Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К. е утврдено дека станува збор за самоубиство. И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите.
Постапката по предметот во Обвинителството и понатаму тече. Од таму велат дека работата на утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.
Случајот со самоубиството на Крпач предизвика низа реакции во јавноста по информациите кои протекоа од СЈО за кои до сега не доставија докази до јавното обвинителство. Специјалната обвинителка преку своите ставови пренесени во медиумите блиски до опозицијата тврдеше дека тие имале одлична соработка со Крпач, кој бил сведок во дел од постапките во ова обвинителство, но не одговори зошто биле вршени претреси во неговиот дом. Од ова обвинителство не доставија ниту доказ за информациите кои ги објавија во јавноста дека тие биле информирани за закани кои ги добивал Коста Крпач пред да го изврши самоубиството.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
