Македонија
21. јуни 2025 - 16:45

Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1

Костадин Костадинов очекува подрршка од СДСМ за нов мандат во Струмица. 

Во кус разговор за Сител вели дека на сите анкети води со 3:1 во однос на останатите кандидати и по завршувањето на внатрепартиските пресметки очекува да се официјализира неговата кандидатура. 

Откако вчера партискиот лидер објави 19 кандидати за градончалници, меѓу кои поддршка за нов мандат добија сите 5 актиелни градоначалници на СДСМ, освен Костадинов, од СДСМ и денеска потврдуваат дека ова не значи дека тој излегува од игра. Според ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите за градоначаници на СДСМ се синоним за неспособност.

Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДС кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Очигледно е дека овие кандидати се ставени колку да не е без ич, со оглед на тоа дека и оние кои беа досега градоначалници од СДС, не направија ништо за своите општини, освен празнење на општинските каси, нула проекти и развојот одеше во надолна линија. Некогаш големата СДС, сега е пред распад. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ досега утврди 30тина имиња со кои ќе ја бара довербата на граѓаните на изборите на есен, но партијата се уште калкулира со кандидатот за Град Скопје. Нивниот коалициски партнер ЗНАМ потврдува дека во тек се предоговори помеѓу двете партии за поддршка уште во првиот круг од локалните. Партискиот портпарол не ја исклучи можноста ВМРО-ДПМНЕ да нема свој кандидат во општина Центар, туку да го поддржи кандидатот на ЗНАМ, но детали ќе бидат познати до крајот на месецов. 

Ставот на Движењето ЗНАМ е дека на овие избори ќе настапиме самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници. Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка  на кандидатите уште во првиот круг“ вели Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ

Кандидати за градоначалници засега нема објавено ниту една од алабнските политички партии.