Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
Уставниот суд имаше плодна, конструктивна и на моменти оштра расправа во поглед на предметот на Правилникот на ДИК и заклучокот на мнозинството судии е дека нема да поведе постапка за уставноста и законитоста, информираше Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, појаснувајќи дека оценка на мнозинството судии на Уставниот суд е дека Правилникот на ДИК има своја и уставна втемеленост и законска втеменелност и значи целосно усогласување односно почитување на нивната одлука.
Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, според Костадиновски, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд.
- Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие би учествувале во изборниот процес. Тоа би значело брутално погазување и на нашата одлука и на Уставот и на Изборниот законик. Од тие причини мнозинството судии се одлучи за одлука да не поведе постапка, појасни Костадиновски.
Клучните аргументи на мнозинствоот судии, посочи Костадиновсеки на прес-конференција по денешната седница, е дека Изборниот законик со правната празнина создадена со нашата одлука не го регулира прашањето за критериумот за потребните потписи, но во сила во самиот изборен законик и понатаму се одредбите според кои потписите на избирачите во постапката за кандидирање се собираат на начин и во постапка што ја уредува ДИК со свој правилник.
- Оттука одлуката на ДИК за поднесување на предлог кандидатски листи да биде потврдена со важечки личен документ со најмалку два избирачи претставува составен дел на постапката за кандидирање што е и предмет на уредување на оспорениот правилник и тој не претставува ограничувачки услов, нагласи Костадиновски.
ДИК, нагласи Костадиновски, има правен основ и таа била должна да донесе тако правилник.
- Должноста на ДИК да го донесе тој правилник се базира не само на одредбите од Изборниот законик, туку и непосредно на уставните одредби. Уставот дава сериозни гаранции за активното и пасивното избирачко право, на можноста секој да учествува во политичкиот процес и особено е важна одлуката на Уставниот суд, појасни Костадиновски.
За да ја донесе оваа одлука, нагласи Костадиновски, Уставниот суд го толкувал и постапувањето, односно непостапувањето на законодавецот.
- Пополнувањето на правните празнини е секогаш важна уставно правна тема. Со нашата одлука неспорено дека се создаде една правна празнина. Право и должност е на законодавецот да ја пополни. Но, право на законодавецот доколку одлучи дека е целиосходно да не ја пополни, и тоа кажува многу и е сериозна индикација. Но, пополнувањето, односно непополнувањето на таа правна празнина можеби е одлука на Собранието и може така да се толкува дека оди многу либерално, во поглед на критериумот за учество на независните кандидати во изборниот процес, бидејќи не ја пополнил и не донел одлучување. Сето ова оди во прилог на нашата одлука. Нашата одлука во која најдовме сериозни прекршувања на Уставот и на темелните вредности и на низа уставни одредби, одеше во прилог, дикцијата на нашата одлука беше да се либерализира до максимум учеството на независните кандидати во изборниот процес како една од суштествените придобивки на демократијата и демократските процеси, изјави Костадиновски.
Со ваквата одлука, според Костадиновски, Уставниот суд праќа порака и до законодавецот и до сите други државни органи како ги анализира, толкува и како постапува кога ќе се појават празни празнини.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени