Ковачевски: Законот за здруженија на граѓани важи за сите здруженија
Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови.
Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.
-Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ.
Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
