Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
Бројните управни одбори ќе бидат сведени на три члена, доживотни и недопирливи позиции во јавната администрација нема да има, а статусот в.д. ќе биде строго временски и правно ограничен – ова се дел од клучните измени во Законот за високи раководители на органите на државната управа кој беше преставен на јавна дебата.
Ресорниот министер Минчев најавува темелна реформа, а според владата, се воведуваат јасни и унифицирани правила за избор на директори, членови на управни одбори и државни секретари.
По неколку неуспешни обиди во последните неколку години да се донесе вакво законско решение, граѓанскиот сектор очекува овој текст да добие зелено светло од Парламентот. Дел од нив бараат допрецизирање на критериумите за назначување на раководна позиција.
Предлог законското решение веќе еден месец е објавено на ЕНЕР за забелешки и предлози.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
