Македонија
18. March 2022 - 12:25

Крадци пустошат низ Штип

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов отворено се конфронтира со криминалците во општината. После акцијата со дрвокрадците од пред неколку дена, кога Јорданов лично ги пријави и се соочи со нив, го свика Советот за превенција, со единствена точка на дневниот ред, да се стави крај на девијантните појави со кои се тероризираат граѓаните и животната средина. 

-Законите не препознаваат етничка или верска припадност, тие мора да се почитуваат. Наша обврска е да ја зачуваме безбедноста на граѓаните на општина Штип, да ги санкционираме сите оние кои нема да ги почитувааѕ законите. Советот за превенција ќе делува да се намалат овие девијантни појави и однесувања на поединци, кои што оствааат еден генерален впечаток на несигурност кај граѓание-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

Сепак, имајќи ги во предвид потешкотиите со кои се соочуваат самите институции, ова ќе биде долг процес. Шумската полиција покрива 3 општини, со 9 вработени,  а имаат само едно возило кое не е регистрирано. Досега се одземени стотици запрежни коли, стари автомобили, огревни дрва и пили, кои немаат каде да ги чуваат, зашто Агенцијата за управување со одземен имот не знеа што да прави со нив. Градежните инспектори реферираа дека во месноста Мирјанина црква, дивоградби никнат како печурки, а во нив се вселуваат и лица од други општини. Вработените од ЈП Исар одбиваат да одат на терен во неколку штипски населби за да откријат диви приклучоци на водоводниот систем, бидејќи се плашат за сопствената безбедност. Проблемот со крадците кои и среде бел ден влегуваат во куќите и земаат се што е вредно, ќе се реши само доколку се промени казнената политика, која ќе ги штити граѓаните, а крадците ригорозно ќе ги санкционира.