Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

До Основниот кривичен суд Скопје пристигнало официјално известување дека осудениот Јане Боваровски во предметот познат во јавноста како „Ласкарци“, согласно пресудата на Врховниот суд, се ослободува од понатамошно издржување на затворската казна сè до донесување нова судска одлука.
Од Кривичниот суд појаснуваат дека станува збор за единствениот осуденик од овој предмет чија казна се извршуваше преку упатен акт издаден од скопскиот суд, додека за сите останати надлежен е судот во Гостивар,
-До нашиот суд е стигнато известување во однос на осудениот Ј.Б. во предметот познат како Ласкарци, дека согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука. Ова е единствениот осуден чија санкција му се извршува по упатен акт на Кривичен суд Скопје. Сите останати осудени се под надлежност на Основниот суд во Гостивар, согласно нивното место на живеење, информираат од Кривичен.
Врховниот суд, претходно ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Станува збор за пресудата со која Апелациониот суд во мај 2025 година ги зголеми казните за дел од обвинетите во случајот. На сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и на одговорниот за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, казните им беа зголемени од шест на по 10 години затвор, додека на вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски од пет на по седум години. Казните за Јане Боваровски и возачот на автобусот Маноил Трифуновски останаа пет, односно 14 години затвор.
Во првостепената пресуда, донесена во јануари 2024 година, шестмината обвинети беа прогласени за виновни за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Трагедијата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од автопатот Скопје-Тетово. Во несреќата животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
