Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово.
Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода на 11.08.2025 во с.Гајре, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) од с. Гајре поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (во обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.
Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.
Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена.
За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги