Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари

СВР Струмица - ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот С.К., како одговорно лице во пријавеното правно лице, злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба и овластување, изготвувал фиктивни испратници адресирани на непостоечки лица и без да се наведе адресата на испорачување на дрвните сортименти, а исто така, кај голем број од нив во делот за количина и вид на огревно дрво извршил корекција на бројките и буквите. На овој начин овозможил да се пушти во промет незаконски стекната дрвна маса во вкупна количина од 173,31 кубни метри, при што се стекнал со противправна имотна корист од 864.262 денари.
Исто така, констатирано е дека дваесет и седум испратници се разликуваат по количина на дрвни сортименти. По издадени испратници е наведено дека е испорачано 46 кубни метри, а од извршените проверки на терен и извршените разговори со лицата на кои се доставени огревните дрва е констатирано дека станува збор за испорачани 149 кубни метри огревно дрво. На овој начин, односно со продажба на 103 кубни метри огревно дрво повеќе од прикажаното според испратници, се стекнале со противправна имотна корист од 566.500 денари.
Исто така, С.К. во испратниците, односно во рубриката „одговорно лице“ го фалсификувал потписот на лицето кое било овластено да ги потпишува и ги употребил како доказ во правниот сообраќај.
На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 1.430.762 денари.
Ново на Сител
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
