Македонија
28. September 2025 - 14:42

Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана

Секторот за внатрешни работи - Скопје поднесе кривична пријава против Р.А., 28-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни, затворската полиција извршила претрес во Казнено-поправната установа „Затвор - Идризово“, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.