Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско.
Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“ по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање.
Имено, како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера (02.05.) околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица.
Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан. Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.
Ново на Сител
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
