Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец

Поднесена била кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец.
- ОВР - Неготино, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите.
Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
